Започнуваат подготовките на сениорската реперезентација на Македонија за Европското првенство во Хрватска

- Спорт
876

Денеска стартува комплетирањето на сениорската репрезентација на Македонија во рамки на подготовките за Европското првенство во Хрватска. Раул Гонзалес одлучи на подготовките да има вкупно 21 ракометар. Тренинзите започнуваат денеска, а во составот подоцна ќе се вклучат и Филип Миркуловски и Филип Талески кои  утре го играат последниот меч за оваа година во Бундес лигата, така што тимот ќе биде комплетиран во среда. На тренинзите селекторот Раул Гонзалес ќе се појави утре, по неговото враќање од Шпаинија. Во составот кој ќе конкурира за Европското првенство ќе има проверени ракометари кои ќе се борат против силните селекции како што се Германија, Словенија и Црна Гора.

Извор: 24rakomet

 

Facebook Коментари