Заврши пролетниот шаховски фестивал ,,Езерска кралица“, ова се победниците
Со прогласување на победниците, вчера во Струга заврши овогодинешното издание на Пролетниот младински шаховски фестивал ,,Езерска Кралица 2024“ на кој учестуваа 70 шахисти од шаховските школи од цела Макадонија, а имаше и учесници од соседна Албанија.

Во категоријата до 8 години победници се Сергеј Станковиќ и Јован Јовановски од Македонија и Гури Јуан од Албанија.
Во групата натпреварувачи до десет години најдобри беа Јован Вукашиновиќ, Мартин Велков и Ина Крумова, сите од Македонија, како и нашиот стружаенц Кристијан Панов.

Илијана Велева од Македонија, Шаху Дејон од Албанија и Габриел Марковски од Македонија се победници во категорија до 12 години.

Во групата до 18 години победници се Михаил Николовски, Иван Велкоски и Аликемал Абди, сите од Македонија.



