Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска против Полска ќе се бори за полуфинале
08.08.2019 11 ViewsСподели
Женската ракометна кадетска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на ЕХФ шампионатот во Италија откако вчера попладне ја совлада селекцијата на Азербејџан со резултат 30-23.
Претходно, нашата репрезентација славеше против Белорусија.
Денеска со почеток во во 18:00 часот Македонија го игра решавачкиот дуел за пласман во полуфиналето против селекцијата на Полска.