На вчерашното редовно собрание на РФМ на Македонија, досегашниот прв човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов повторно беше избран за претседател на ракометната федерација на Македонија.
Првиот човек на компанијата „Алкалоид“ едногласно ја доби довербата на делегатите на собранието и ќе ја продолжи започнатата работа по изборот во 2013 година.
Мукаетов им се заблагодари на сите поранешни претседатели на РФМ кои имаат големи заслуги за развојот на овој спорт децении наназад. Исто така им се заблагодари на Македонскиот Олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт.
На собранието беа присутни 37 делегати од вкупно 40 пријавени на најголемото раководечко тело при РФМ.
Facebook Коментари