ЖКК Струга 2009 подобри во езерското дерби против ГКК Охрид, обезбеден бараж за Прва А лига

- Локални, Спорт
237

Во езерското дерби во рамките на Прва Б лига, ЖКК Струга 2009 славеше убедлива победа на гостински терен против ГКК Охрид со резултат 29:55 (10:16; 09:10; 03:16; 07:13). Освен во првите неколку минути, стружанките го контролираа натпреварот и постојано ја зголемуваа предноста.

Со оваа победа, тимот и теоретски го осигура второто место на табелата, што значи пласман во баражот за враќање во Прва А лига.

„Честитки за Охрид на фер борбата, а особено честитки за моите играчи, посебно за најмладите Зиба, Таранеши и Даути, кои одиграа на високо ниво и многу зрело. Секако, голем придонес имаше и Американката Вилард, која е вистинско засилување за оваа млада екипа“, изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.

Најдобри стрелци во ЖКК Струга 2009:

  • Вилард – 25 поени;
  • Зиба – 9 поени;
  • Даути – 7 поени;
  • Белкоска и Таранеши – по 4 поени;
  • Миладиноска, Незири и Муртиши – по 2 поени.

ГКК Охрид:

  • Ѓорѓиеска – 10 поени

ЖКК Струга 2009 сега го насочуваат фокусот кон баражот, каде што ќе се борат за камбек во најсилната женска кошаркарска лига.

StrugaOnline

Facebook Коментари