Лев банер Десен банер

ЖКК Струга 2009 со кошот на Зиба во последната секунда го сруши Шкупи на гостински терен

Во рамките на 1 коло од Првата Б лига жени, ЖКК Струга 2009 ја совлада екипата на ЖКК Шкупи на гостински терен 49:51 (по четвртини 07:12; 13:15; 19:10; 10:14)

Најдобриот стрелец во Струга беше Муртезаи со 22 поени со погодени 6 шута за 3 поени. Хиса 9 поени, Крацоска и Зиба имаа по 7 поени, Муртиши 3 поени, Белкоска 2 поени и Цинциќ 1 кош. Кај екипата на Шкупи најдобрите беа: Салиу со 14 поени и Цветаноска со 13 поени.

„Почнавме доста агресивно и направивме двоцифрена предност веќе во првата четвртина, на полувреме отидовме со 7 поени плус за нас, меѓутоа слаба трета четвртина овозможи Шкупи да се врати во игра и да донесе резултатска неизвесност, меѓутоа ние бевме посреќниот тим односно го додадовме последниот победнички кош со звукот на сирената“. – изјави Владимир Ѓоровиќ тренерот на ЖКК Струга 2009.

Во наредното 2 коло ЖКК Струга 2009 ја пречекува екипата на Спорт Тим од Неготино.

StrugaOnline

error: