ЖКК Струга 2009 со убедлива победа на ЖКК Риниа од Куманово

- Локални, Спорт
212

Во рамките на 12-то коло од првата Б лига жени, ЖКК Струга 2009 убедливо ја совлада екипата на ЖКК Риниа од Куманово 70:42 (17:06; 25:15; 16:13; 12:07).

Најдобрите во екипата на ЖКК Струга 2009 беа: Белкоска 19 поени, Миладиноска 12, Вилард 8, Зиба и Муртезаи по 7 поени, Таранеши 5, Алексиеска и Милчин по 4 поени, Муртиши и Коруноска по 2 поени.

Кај гостите најдобра беше Селмани со 14 поени.

– Рутинска победа на нашата победа, пробав рамномерно да распределам минутажа и да разиграм повеќе оа нашите играчи. Честитки за фер и спортската игра на екипата Риниа и секако честитки за моите кошаркарки за победата, изјави тренерот на ЖКК Струга 2009 – Владимир Ѓоровиќ.

StrugaOnline

Facebook Коментари