Лев банер Десен банер

ЖКК Струга 2009 загуби од шампионот Баскет Кам во првото коло

Во рамки на првото коло, екипата на ЖКК Струга 2009 не успеа да го совлада шампионот Баскет Кам и загуби со резултат 55:92   (17:21;13:25;13:27;12:19)

Најдобри во домашната екипа беа: Американката Ајана Мазик со 23 поени ,10 скокови и 6 асистенции, Модева забележа 12 поени, 17 скокови и 3 блокади.  Муртезаи постигна 8 поени,3 асистенции. Зендели 7поени и 8 скокови,  Крацоска 3 поени и  Алексиеска 2 поени.  Кај гостите најдобра беше Димова со 23 поени.

,,Поради заминување на факултет на голем дел од кошаркарките, приморани сме да фрламе во оган нови ,млади играчи. Оваа сезона е уште потешко поради завршувањето на кариера на нашиот капитен Стојановска и повредата на Шеќероска . Мораме да го прифатиме тоа и со силите што ги имаме работиме уште посилно како би ги остварили зацртаните цели. Во овој натпревар против шампионот бевме добри и рамноправни 18мин, тоа е задоволително, голем дел од младите кошаркарки ваква улога немаа ниту во кадетска екипа но сега добиват шанса па ќе видиме како ќе биде  иднината.“ -изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.

Додаде дека, Мазик, засилувањето од САД ,изигра добро и се гледа дека ќе  биде доста важен играч за стружанки оваа сезона. Таа е тука една недела и треба време да се запознае и уигра со остатокот од екипата.

Ѓоровиќ упати честитки до Баскет Кам и појасни дека отсега следува уште појако  работење и барање шанса во наредните натпревари.

Следен предизвик за ЖКК Струга 2009 е следниот викенд против Пробаскет на домашен  терен.

Strugaonline

error: