Лев банер Десен банер

ЖРК Струга 2024 загуби од ЖРК Астибо од Штип

Во второто коло од пионерската лига екипата на ЖРК Струга 2024 го забележа првиот пораз оваа сезона на домашен терен од екипата на ЖРК Астибо од Штип со 15:18.

Избраничките на Владимир Паноски одиграа слаб натпревар каде реазлизацијата беше лоша, на почеток отворија добро со водство од 1 и 2 разлика меѓутоа после 5 минути среќата им го сврти грбот по што следуваа низа промашувања од зицер ситуации каде противникот изедначи.

До крајот на првото полувреме играа добра одбрана меѓутоа реализацијата остана најлошата страна на стружанките, се редеа низа промашувања во нападот како од чисти ситуации така и од ударите од 7 метри со што на полувреме заминаа со негатива од гол разлика (6:7).

И во второто полувреме стружанките продолжија со промашувањата, добра им беше одбраната со што не дозволија да загубат со голема разлика односно на крај резултатот да биде 15:18.

Наредниот натпревар на ЖРК Струга 2024 го игра на гости кај ЖРК Чаир во Скопје.

StrugaOnline

error: