Лев банер Десен банер

ЖРК Стружанка на домашен терен во недела игра со екипата на Металург

Во недела во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга, кадетките на ЖРК Стружанка ќе играат против екипата на Металург. Во групата А од кадетската лига на жени во Република Македонија ЖРК Стружанка е на првото место. Ова е натпревар кој секако нема да влијае на позицијата на нашите ракометарки, но важно е публиката да даде поддршка за оваа сезона да ја завршат без пораз. Натпреварот ќе започне во 13 :30 часот.

Strugaonline

фото: aрхива

 

 

error: