ЖРК Стружанка славеше победа против ЖРК Деспина од Прилеп

- Локални, Спорт
181

Сениорките на ЖРК Стружанка вчера на домашен терен во плеј-аутот од Женската лига славеа победа против ЖРК Деспина од Прилеп со 29:25 (15:10 на полувреме).

Најефикасни кај стружанките беа Раткушиноска Маја со 12 голови, Переска Тијана 7, Затуроска Ивана 3, Миновска Ива, Танеска Ивана, Маџоска Вања по 2 голови и Переска Антонија со 1 гол.

Кај гостите најефикасни беа: Цаневска Евгенија со 7 голови, Ристеска Маја 4, Конеска Андреа и Христоска Матеа 3, Ѓорѓиоска Магдалена, Илиева Магдалена, и Гичева Конеска Мери по 2 голови и Цветскоска Маја и Јованоска Маја по 1 гол.

StrugaOnline

 

Facebook Коментари