ЖРК Вардар како прв од групата влегува во четврт-финалето на ЛШ

- Спорт
849

Вардар е на два чекори до пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта откако на едно коло до крај на мечевите од Главната фаза во ЛШ го потврди првото место и како лидер и фаворит влегува во четврт-финалето. Во меч од 5. коло од Главната фаза Вардар на домашен терен го победи Битигхајм со 30-22 (13-8) и со 16 бода е сигурно првопласиран.

По третпат Главната фаза од ЛШ Вардарки ја завршија на првото место. Прво во дебитанската сезона 2013/2014 стигнаа на Ф4 турнирот токму преку Главната фаза, но тогаш немаше четвртфинални натпревари туку од главната фаза директно се одеше на Ф4. Лани беа  први во Главната фаза, повторно беа првопласирани и играа во четврт-финалето против Митјиланд, со тоа што реваншот беше во Скопје.
Сега ќе се чека исходот од последните две кола од Група 1 каде можни противници се НХФ Никобинг (Данска), Крим (Словенија) или Митјиланд (Данска).

Вардар беше фаворит на оваа средба уште пред да почне натпреварот, а откако гостинките допатуваа во Скопје со 10 ракометарки (8 играчи и два голмана) стана јасно дека „црвено-црните” не би требало да имаат проблеми. Требаше само рутински да се заврши задачата, иако од искуство знаеа  дека нема нималку да биде лесно. Слично беше и на првиот натпревар во Германија кога нашиот противник играше одлично во првото полувреме, а потоа во следните 30 минути Вардарки го решија натпреварот во наша корист и со висока предност од „плус 12″ гола.

Во првото полувреме имаше проблеми за Вардар, односно не успеаа да направат голема предност после која ќе има сосема релаксиран натпревар, но затоа тоа со сигурност го постигнаа во второто полувреме.

Извор и фото:zrkvardar.mk

 

 

 

Facebook Коментари