Ракометарките на женскиот ракометен клуб Вардар во првото коло од новата сезона го победија тимот на ФТЦ Реил Карго од Унгарија со 34-31 (20-11) и освоија два бода.
Тимот покажа одлична игра ,беспрекорна одбрана и прецизен напад. Секако, имаше и мали слабости во играта.
Првото полувреме беше одлично за вардарки, . Во периодот од 17-ти до 25-та минута Вардар имаше серија од 8:0, а на крајот на првиот дел резултатот беше 20:11.
Во вториот дел од натпреварот противникот успеа да намали на 23:17. Гостинската екипа го засили темпото и покажа дека може да направи пресврт. Потоа Вардар успеа да достигне предност од „плус 9“ Потоа имаше повторно успешен период за екипата на ФТЦ Реил Карго кога во серија постигнаа 4 гола. Но, се што успеаа е да ја намалат предноста. На крај резултатот беше 34-31
Извор: zrkvardar.mk
Facebook Коментари