Вардар е единствен тим во женската лига на шампионите што во Главната фаза тргнува со максимални 8 бода што ги пренесува од мечевите од првиот круг. Противници на „црвено-црните” во борбата за четврт-финале ќе бидат Мец, Будуќност и Битигхајм.
Според распоредот и освоеното место на табелата во првиот круг Вардарки првиот меч во Главната фаза ќе го играат на домашен терен на крајот од јануари 2018 година. Во време кога ќе се играат натпреварите од машкото ЕП, во периодот од 26 до 28 јануари ЖРК Вардар ќе биде домаќин на француски Мец. Реваншот од овој натпревар ќе се игра на крајот на февруари во Франција.
Со екипата на Будуќност натпреварот ќе се игра на почетокот на февруари во Скопје, а реваншот е на почетокот на март 2018.
Вардарки за прв пат ќе играат со германски Битигхајм, и тоа прво на гости, а потоа и дома.
Распоред на натпревари на Вардар во Главна Фаза
1. коло: (26-28.01.2018) Вардар – Мец
2. коло: (02-04.02.2018) Битигхајм – Вардар
3. коло: (09-11.02.2018) Вардар – Будуќност
4. коло: (23-25.02.2018) Мец – Вардар
5. коло: (02-04.03.2018) Вардар – Битигхајм
6. коло: (09-11.03.2018) Будуќност – Вардар
Табела пред почетокот на Главна Фаза
1. Вардар 8 бода
2. Мец 6
3. ФТЦ 4
4. Будуќност 4
5. Битигхајм 2
6. Турингер без бодови
Извор и фото: zrkvardar.mk
Strugaonline
Facebook Коментари