„Златна бубамара“ ги прогласи Вардарци за спортски херои за 2017-та година

- Спорт
1058

Вардарци добија уште едно признание за големиот квалитет кој го поседуваат, овојпат од една од најпрестижните манифестации во Македонија – „Златна бубамара на популарноста”.

– Нашиот клуб е прогласен за „најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”. – информираа од РК Вардар
И додека вардарци се искачуваа на бината громогласен аплауз добија од публиката во салата „Борис Трајковски”, а хорот „Мирче Ацев„, Наум Петрески и Виолета Томовска ја пееја „Ој Вардаре”.

Најдобрата клупска година во историјата на „црвено-црните” беше потврдена со триумфот во лигата на шампионите, и плус триумфиравме во СЕХА лигата, домашното првенство и куп, и во домашниот Супер куп.

Капитенот Стојанче Стоилов ја подигна наградата и им порача на сите подржувачи: „И годинава сме на добар пат да освоиме титулата и даваме сѐ од себе да го повториме успехот. А ако и не успееме немојте да да се разочарувате, ние секогаш ќе играме со срце”.

Извор: РК Металург

фото: Слободан Ѓуриќ

Strugaonline

Facebook Коментари