Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 36 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 15, Струга 10 и Кичево 11).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 79 контроли во угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари