Струга на мапата на светското образование – Благодарение на Helen Doron, децата учат англиски како нивните врсници во Лондон.
Во време кога познавањето на англиски јазик е повеќе од вештина – тоа е потреба, родителите во Струга конечно имаат доверлив избор за своите деца – Helen Doron English Struga, првиот и единствен лиценциран центар во градот кој нуди настава по светски позната методологија за изучување на англиски јазик.
Светска методологија, достапна и во Струга.
Helen Doron English е глобално позната методологија за учење на англиски јазик. Присутен во над 40 земји низ целиот свет, со над 3 милиони ученици кои со леснотија и задоволство го совладале јазикот. Методологијата е специјално дизајнирана и го следи природниот процес на усвојување на мајчин јазик – преку слушање, играње, интеракција и позитивно охрабрување. Хелен Дорон креира еден мини свет во кој го пресликува начинот на кој децата го учат мајчиниот јазик од најмала возраст. Поткрепен со специјално обучени учители, бројни видео и аудио материјали, врвни учебници и безброј игри, Helen Doron English со децении е број 1 во светот за изучување англиски јазик.
Во Helen Doron децата не учат на памет, туку учат низ искуства, музика, креативност и комуникација. Секоја лекција е доживување преку сите сетила, а секое дете – слушнато и поддржано.
Cambridge резултати – доказ за квалитетот
На неодамнешниот престижен настан во Хотел Holiday Inn – Скопје, каде ученици од сите Helen Doron центри низ Македонија го потврдуваа своето знаење пред строгите стандарди на реномираниот University of Cambridge, Helen Doron Struga учествуваше со 11 кандидати на возраст од 9 до 13 години. Тие полагаа за A2 и B1 нивоа според CEFR, и со тоа го демонстрираа реалниот напредок и ефективноста на методот.
Овие резултати не се случајност – туку логична последица на методологија што функционира.
Часови по англиски како во Лондон, Торонто или Берлин – сега и во Струга.
Во Helen Doron Struga, децата учат по истите програми како и нивните врсници во најразвиените образовни системи во светот. Со тоа, тие добиваат реална предност, стекнуваат самодоверба, и се подготвуваат за глобалната иднина – уште од најрана возраст.
More than English – A passport to the World!
Посетете нè на нашата локација во Струга, ул. Моша Пијаде бр.12., позади гимназијата „Нико Нестор“ во Струга.
Контактирајте нè за бесплатен пробен час на 077-558-962
Бројот на места е ограничен – резервирајте на време.
StrugaOnline
Facebook Коментари