На 23-ти јули 2023 година, во периодот од 00:00 до 05:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полицските службеници затекнале 19 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 11 во Охрид, 1 во Струга, 3 во Кичево и 4 во Дебар. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари