12 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
403
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-08, Струга-12, Кичево-25, Дебар-21). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат  извршиле 76 контроли врз угостителски и други објекти.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари