12 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
442
Според  статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 41 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-04, Струга-12, Кичево-21, Дебар-04). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 63 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-22, Струга-06, Кичево-35).
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари