13 лица во Струга и 62 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
362

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 111 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 62, Струга 13, Кичево 21 и Дебар 15).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 85 контроли во угостителски и други објекти (Охрид 33, Струга 20 и Кичево 32), информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари