13 лица во Струга казнети поради неносење маски, 1 лице не го почитувало полицискиот час

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 49 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-15, Струга-13, Кичево-21). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршиле 06 контроли во угостителски и други објекти. Во овој период, регистрирани се 05 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. (Охрид-03, Струга-01, Дебар-01). Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

