13 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
352

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 53 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-24, Струга-13, Кичево-15, Дебар-1).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 95 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-20, Кичево-45, Дебар-30), информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари