13 возачи во Струга казнети поради брзо возење

- Локални
411

На 08 и 09.12..2021 година на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници регистрираа и санкционираа 55 возачи на моторни возила кои, во населено место управувале со поголема брзина од дозволената (Охрид-21, Струга-13, Кичево-21) и 22 возачи што ја пречекориле дозволената брзина, надвор од населено место (Охрид-09, Дебар-13). Полициските службеници во Охрид затекнаа и од сообраќај исклучија едно лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, а во Дебар санкционирано е едно лице, поради бесправно управување на моторно возило.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари