14 лица во Охрид и 4 во Струга казнети поради неносење маска

- Локални
387

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 54 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 14, Струга 4, Кичево 33 и Дебар 3).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 61 контроли во угостителски и други објекти (Охрид 24 и Кичево 37), информираат од СВР Охрид.

Facebook Коментари