На 21-ви декември 2021 година, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 24 возачи на моторни возила кои во населено место управувале возила со брзина поголема од дозволената (Охрид 4, Струга 14 и Кичево 6) и 13 возачи кои надвор од населено место ја надминале законски пропишаната дозволена брзина (Охрид 7 и Дебар 6). Во Струга, поради непрописно паркирани возила, со специјално возило „Пајак“ подигнати се 7 моторни возила, информираат од МВР.
Facebook Коментари