16-месечно дете од Струга со хематом на главата и скршеници пренесено на Детска хирургија во Скопје

- Локални
707

Шеснаесетмесечното дете од Струга, кое со хематом на главата, скршеници на градите и по телото, кое вчера беше донесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, е преесено на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Директорката на Клиниката, Славица Литајковска синоќа, за Канал 5 изјавила дека тоа во моментот е во стабилна состојба, но го чека операција на левата надлактица, која е закажана за денеска

– Има скршеница на левата надлактица и закажана е операција за утре. Има скршеници на градите и постојано ја следиме неговата состојба. Направени се сите иследувања, како комјутерски снимања, така и сите потребни прегледи. На интензивна нега е, вели директорката Литајковска.

Детето вчера претпладне првично било примено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но подоцна е пренесено во скопската детска хирургија. Од охридската болница случајот веднаш го пријавиле во полиција, а од МВР велат дека работат на расчистување на случајот

Извор: Канал 5

 

Facebook Коментари