17- годишно момче од струшко Франгово, излетало од патот кај селото Радолишта

- Локални
262

На 30.07.2025 во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф” со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари