17 лица во Струга казнети поради неносење заштитна опрема

- Локални
584
Според статистичките податоци на МВР, во изминатово деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 85 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-40, Струга-17, Кичево-10, Дебар-18). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 31 контроли врз угостителски и други објекти.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари