18 лица во Струга се казнети поради неносење маски

- Локални
419

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 62 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-07, Струга-18, Кичево-27, Дебар-10). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 57 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-13, Кичево-36, Струга – 8).

Facebook Коментари