19 пешаци во Струга казнети поради небезбедно преминување на улица

- Локални
599

На 6-ти април 2022 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот.

 – Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале вкупно 41 пешак кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид 17, Струга 19, Кичево 4 и Дебар 1). Контролите на пешаците во сообраќајот ќе бидат интензивирани и во наредниот период, а целта е задолжително и доследно почитување на законската обврска за користење на пешачките премини при премин на коловозите и подигнување на нивната сообраќајна безбедност, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари