20-ти мај, Ден на пожарникарите

- Локални
470
Денешниот 20-ти мај се одбележува како ден на пожарникарите.
-Градоначалникот Рамис Мерко на овој важен ден за пожарникарите, изразува благодарност и почит за континуираната работата и посветеност, како и за нивната должност како пожарникари кои честопати ги стават своите животи во опасност за безбедноста на граѓаните.-стои во соопштението од Општина Струга.
 Мерко им изрази благодарност  на пожарникарите и за нивната соработка за време на состојба предизвикана од КОВИД-19, кога секој ден вршеа дезинфекција на улиците и патиштата, училиштата, установите и сите јавни места, секогаш водејќи сметка за хигиена и јавното здравје.
20-ти мај е ден на пожарникарството во Република Македонија, бидејќи  на овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред.
Strugaonline

Facebook Коментари