20 возачи во Струга казнети поради брзо возење

- Локални
393

На 4-ти март 2022 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.
– Притоа, полициските службеници, затекнале 64 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење. Од нив 20 во Охрид (8 надвор од населено место, 12 во населено место), 20 во Струга (2 надвор од населено и 18 во населено место), 8 во Кичево, сите во населено место, 16 во Дебар (6 во населено место и 10 надвор од населено место). По основ на сторените прекршоци, поднесени се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари