24 лица во Охрид и 5 во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
356

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 57 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 24, Струга 5, Кичево 25 и Дебар 3).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Истовремено, регистрирани се 4 прекршувања на забраната за движење од 20:00 до 05:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19 (Дебар 3 и Струга 1). Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари