Лев банер Десен банер

24 лица во Струга казнети поради неносење маски

Според статистичките податоци на МВР, во изминатово деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 91 прекршок за неносење лична заштита на лицето (Охрид-21, Струга-24, Кичево-33, Дебар-13). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Извор: СВР Охрид

error: