25 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
370
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 52 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-25, Кичево-14). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 80  контроли во угостителски и други објекти (Охрид-28,Струга-08, Кичево-28, Дебар-16).
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари