33 лица во Струга казнети поради неносење маски

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 116 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-25, Струга-33, Кичево-37, Дебар-21). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Извор: СВР Охрид

