34 лица во Охрид и 6 во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
325

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 58 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-34, Струга-06, Кичево-18). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 77 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-41, Кичево-36).

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари