37 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
335

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 64 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 16, Струга 37 и Кичево 11).

 – Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 66 контроли во угостителски и други објекти (Охрид 37 и Кичево 29), информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари