Лев банер Десен банер

39 возачи казнети за брзо возење на територија на СВР Охрид

На територијата на СВР Охрид вчера спроведена e акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 39 возачи.

Од нив, соопштија денеска од МВР, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 30 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а девет надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Извор: МВР

error: