Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 101 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 59, Струга 7, Кичево 22 и Дебар 13).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 75 контроли во угостителски и други објекти (Охрид 26, Струга 16 и Кичево 33), информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари