Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 32 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-06, Струга-06, Кичево-15, Дебар-05). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 38 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-04, Кичево-34). Во овој период нема регистрирано прекршувања на забраната за движење.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари