На 23-ти декември 2021 година, во периодот од 06:00 до 10:00 часот на подрачјето на СВР Охрид биле спроведени зајакнати сообраќајни акциски контроли.
– Притоа, полициските службеници санкционирале 12 возачи на моторни возила кои во населено место управувале автомобил со брзина поголема од дозволената (Охрид 1, Струга 6, Кичево 3 и Дебар 2) и 5 возачи кои надвор од населено место управувале возило со поголема брзина од пропишаната (Охрид 4 и Дебар 1). Полициските службеници во Охрид поднесоа и соодветни платни налози на 04 возачи на моторни возила кои ивршиле непрописно престигнување, информираат од МВР.
Facebook Коментари