
На 05.12.2021 од 11:00 до 15:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. Притоа, санкционирани се 68 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина. Од нив, 20 на територија на Охрид, 29 на територија на Струга, 12 на територија на Кичево, а седум на територија на Дебар.
Aпелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари