7 лица во Охрид и 9 во Кичево казнети поради неносење маски

- Локални
435

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 16 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-07, Кичево-09). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 57 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-29, Кичево-28). Во овој период, во Охрид регистрираи се четири прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари