Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 29 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-06, Струга-07, Кичево-09, Дебар-07). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 85 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-41, Кичево-33, Дебар-11).
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари