7 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
366

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 40 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Струга 7, Кичево 24 и Дебар 9).

Ним им се издадени  прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 65 контроли во угостителски и други објекти (Охрид 10, Кичево 36 и Дебар 19). Во овој период, не се регистрирани прекршувања на забраната за движење од 22:00 до 05:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари