74 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ, ЖИВОТОТ ПОСВЕТЕН НА СЛОБОДАТА

- Локални
1551

Нa 25 февруари 2018 ОО на СБМ од Струга ја одбележа 74 годишнината од смртта на Кузман Јосифовски .

Делегацијата предводена од претседателот на ОО на СБМ – Струга Ајредин Мемети положија цвеќе на бистата на Питу,која е поставена пред куќата на првоборецот Владо Малески и спомен плочата на која е запишано:

„Во оваа куќа на 23 септември 1941 година,во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија,народниот херој Кузман Јосифовски – Питу,се одржа конститивен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко“.

Делегацијата во име ОО на СБМ –Струга и во име на Локалната самоуправа положи цвеќе на бистата на Питу.

Пред присутните за животниот пат и слободарското дело на Кузман Јосифовски Питу беше прочита реферат. Во рефератот меѓудругото беше истакна дека Питу имал голема верба во Струга и стружани,но и љубов за Струга. На неколку пати тој доаѓал во Струга, во строга илегалност и притоа им издавал задачи на МК на КПМ и СКОЈ.

Струга треба да биде горда што низ нејзините сокаци минувал и таков херој каков што бил Питу .Затоа градот треба вечно да се сеќава на него и да ја слави неговата гибел за слободата на Македонија. Затоа,  кака што Питу рекол : Борбата почнала токму во Струга предводена од Димитрија и Константин Миладинови.

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

 

Facebook Коментари