АД ЕСМ го заврши чистењето на градското корито на реката Црн Дрим во Струга
АД ЕСМ го заврши чистењето на градското корито на реката Црн Дрим во Струга, отстранувајќи ја бујната вегетација што може да го попречи протокот на водата и да претставува сериозен безбедносен ризик.
-Овој витален дел од реката, кој тече низ срцето на Струга, не е само клучен за управување со водите, туку и омилено место за пливање и скокање во вода во текот на летото. Како општествено одговорна компанија, посветени сме на одржување на чистотата на речното корито, подобрување на изгледот на градот и поддршка на локалниот туризам, велат од АД ЕСМ.
Чистењето беше дел од инвестицискиот план на АД ЕСМ и ХЕС Црн Дрим за 2025 година. Нашата цел е едноставна – да се потрудиме една од најубавите и најпрепознатливи реки во Македонија да го задржи својот автентичен и уникатен изглед за идните генерации. Оваа иницијатива не само што поддржува здрав екосистем, туку и ја подобрува сликата за Струга за локалното население и туристите.
StrugaOnline

