Активот на пензионерки при ЗП Струга поделија новогодишни пакетчиња на лицата со посебни потреби од „Порака Нова“
На 17 декември 2025 година Активот на пензионерки при ЗП Струга, предводени од потпретседателката на Активот Павлина Кузманоска, со своите активиски ја посетија невладината организација „ПОРАКА НОВА“ во име на Здружението, и традиционално први им поделија новогодишни пакетчиња на лица со посебни потреби.
Пензионерките на лицата со попреченост сместени во овој центар им посакаа здравје и среќна Нова година, додека персоналот им се заблагодари на несебичниот традиционален ангажман на раководството на здружението и на Активот на жени, и направија заедничка фотографија за спомен.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline

